Свет
22. October 2021 - 20:43

Алек Болдвин се огласи по трагедијата: Во шок сум

Холивудскиот актер Алек Болдвин преку социјалните мрежи се огласи за првпат по трагичниот инцидент на снимањето на филм во Њу Мексико. Тој случајоно ја застрела и уби директорката на фотографија, Халина Хачинс и го рани режисерот на филмот, Џоел Соуза.

-Нема зборови кои ќе го опишат мојот шок и тага поради сето она што ѝ се случи на Халина и трагичната несреќа која доведе до губење на нејзиниот живот. Халина Хачинс – мајка, жена и многу почитувана колешка. Соработувам со полицијата во истрагата како би се октирло како се случи оваа несреќа, пишува 63-годишниот актер.