Македонија
17. January 2016 - 16:11

Заев и овој пат ги менува ставовите согласно неговите партиски и лични потреби

Иако ги доби сите уверувања од еврокомесарот Јоханес Хан дека на 24 април може да се спроведат фер, транспарентни и демократски избори, Заев во Пржино одлучи дека неговата партија нема да учествува.

Тој ги доби сите гаранции кои меѓу другото ги бараше во интервју за МЕТА дадено пред неполн месец но сепак го промени ставот и одлучи да каже “НЕ” за оддржување на избори на крајот на Април.

Според медиумите променливите ставови на Заев наидоа на остра реакција кај дел од новинарите меѓу кои и Васко Ефтов кој на својот Фејсбук статус напиша:

-“Со бомби бараа избори, сега од изборите бегаат како од (атомски) бомби”, напиша Васко Ефтов.

Медиумите го пренесуваат и Бранко Тричковски кој важи за близок до опозицијата а во својата последна колумна напиша дека СДСМ може да победи само на наместени избори.

- Изборите имаат смисла само ако не се кристално чисти односно ако се наместени во корист на битката против злото, смета Тричковски.

Гаранциите за изборите еврокомесарот Хан ги даде откако добил уверување и од претседателот на Државната изборна комисија дека постојат реални можности до 24 април да се изврши прочистување на Избирачкиот список.

Хан гарантираше и дека ОБСЕ и ОДИХР ќе испратат голем број набљудувачи кои ќе ги следат состојбите и во подготвителната фаза на изборите.

Експертите оценуваат дека нема никакви причини за пролонгирање на изборите и дека главната причина поради која СДСМ тоа го предлага е нејзиниот лош рејтинг меѓу електоратот.