-->
-->
Во Русија повторно црн рекорд во број на починати од Ковид-19
-->
Во Русија во изминатите 24 часа од ковид-19 починале повеќе од 1000, најмногу за еден ден од почетокот на епидемијата, соопштија денеска здравствените власти.Бројот на новозаразени со вирусот во последните 24 часа е 33 208, а бројот на смртни случаи изнесува 1002.
Во последниве недели е зголемен бројот на лица кои се заразуваат и умираат од коронавирусот во Русија.
Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко ја припишува сегашната состојба на однесувањето на населението и недоволната вакцинација, и покрај достапноста на неколку национални вакцини.
Од почетокот на пандемијата во Русија од ковид-19 починаа вкупно 222 315 луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
