-->
-->
Експлозија во џамија во Кундуз, бројот на жртви се уште непознат
-->
– Има загинати во денешната експлозија во џамија за време на петочната молитва во градот Кундуз, главниот град на северната авганистанска провинција Кундуз, потврди провинциски извор, пренесува Синхуа. Бројот на жртвите се уште не е познат.
– Инцидентот се случи кога петочната молитва беше во тек на пладне во локалитетот Сајед Абад. Засега немаме повеќе детали, но ќе се обидеме да добиеме повеќе информации, изјави за Синхуа Матиулах Рохани од провинциската влада .
Талибанските безбедносни сили ја блокираа областа заради превентивни мерки, рече тој.
Засега ниту една терористичка група не ја презеде одговорноста за нападот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривична за поранешен директор на ЈП Комуналец во Струмица, 47 пати ја злоупотребил службената положба
-

Млад скопјанец се разбудил и го пронашол другар му мртов во својот дом
-

Во амбулантата во КПУ „Идризово“ пронајдени четири пакувања со бела прашкаста материја
-

Лидерите на ЕУ го зголемуваат притисокот врз Орбан да престане да го блокира кредитот за Украина
-

Продолжениот викенд променливо облачно, со повремен засилен северен ветер
-

РФМ: Завршниот турнир во ракометниот Куп ќе се игра во Струмица
-

Шмајхел најави можен крај на кариерата поради тешка повреда
-

Клебо доби лекарска дозвола за настап на завршницата во Светскиот куп
