Скопските кандидати со нови ветувања
Булеварот „Никола Карев“ кој ќе има 4 сообраќајни ленти, клучка кај Момин поток, пешачко-велосипедски патеки и кружен тек, а ќе ги поврзува општините Центар, Карпош, Чаир и Шуто Оризари е решението кое го нуди актуелниот градоначалник но и кандидат за уште еден мандат Петре Шилегов за намалување на сообраќајниот метеж. Шилегов најави и изградба на првиот велосипедски мост во градов.
Независната кандидатка Данела Арсовска подржана од ВМРО-ДПМНЕ денеска беше на трибина во Штип каде говореше за женските права.
Кандидатката Ана Петровска од граѓанската иницијатива Зелен Хуман град ветува дека нема да има ѓубре во градов. Најави изградба на компостар за одлагање на градинарски и отпадот од храна.
Марјан Ненов од Твоја партија ветува дека доколу победат, скопајни ќе имаат поевтини сметки за парно а гасификација ќе има во сите скопски општини.
Предизборните карвани продолжуваат и вечерва. Коалицијата предводена од СДСМ ќе биде во Неготино, Штип и Радовиш. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има средби со граѓани во Дојран, Валандово, Богданци и Гевгелија. Левица најавија активности во Ѓорче Петров. ДУИ ќе бидат во Желино и Брвеница, а Алијанса за Албанците во Боговиње.
-
Елена Милошевска
Сите содржини од овој новинар
