Почина новинарот Трајче Јованов
На 60-годишна возраст по кратко боледување почина новинарот Трајче Јованов. Повеќе од 40 години беше дел од збиднувањата во Штип и неуморно известуваше за нив. Тој утринава почина во Клиничка болница-Штип.
Јованов беше препознатлив по својот глас на Радио Штип, чиј дел беше се до неговото затворање, а новинарската кариера ја продолжи во радиото Енџелс ФМ. Беше дел и од тимот и на регионалната телевизија Стар.
Јованов на новинарите, но и на македонските интерпретатори е познат и по тоа што беше долгогодишен соработник на Фестивалот за забавна музика „Макфест“. Во прес-службата на фестивалот „Макфест“ беше од 1988 година.
Во младоста Јованов, беше активен и политички. Еден период беше секретар на социјалистичка младина, а беше и член на првиот Совет на Општина Штип по осамостојувањето на Македонија.
Покрај новинарството, тој имаше и уште една голема љубов – актерството. Почетоците му се во Драмското студио при Домот на културата во Штип. Тој неуморно аматерски учествуваше во монодрами и претстави.
Ново на Сител
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата