Заев на средба со Макрон, Меркел и Радев: Потребен е поглед кон иднината за решавање на споровите со корени од минатото
Премиерот Зоран Заев во рамките на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Брдо кај Крањ, оствари заедничка средба со германската канцеларка Ангела Меркел и претседателите на Франција и Бугарија, Емануел Макрон и Румен Радев на која е изразена посветеноста на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, со што е потврден стратешкиот интерес на Унијата за ова прашање.
Како што соопшти владината Прес-служба, на средбата, на која присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, Заев изрази благодарност за оваа определба и потенцираше дека е од огромно значење што лидери, како претседателот Макрон и канцеларката Меркел, преземаат чекори со кои ги помагаат изнаоѓањата на решенија за билатералните спорови, кои влечат корени од минатото.
– На средбата премиерот Заев го поздрави лидерството на претседателот Макрон и канцеларката Меркел и им се заблагодари на Франција и Германија, кои гледаат напред кон иднината и што помагаат при решавањето на балканските спорови од минатото. Премиерот Заев на средбата ги изрази очекувањата и јасните определби на македонските граѓани за европска иднина на својата земја, потенцирајќи дека итно се потребни европски чекори од страна на сите земји членки на ЕУ со цел да не се дозволи разочарување на нашиот народ, а со тоа и зголемување на ризиците од засилување на ретроградните националистички струи, се наведува во соопштението.
За време на разговорот е изразени и заедничката подготвеност и интерес на Македонија и на Бугарија да продолжи дијалогот меѓу двете земји со намера да се дојде до решение.
Претходно денеска, пред почетокот на Самитот на ЕУ за Западен Балкан што се одржува во Брдо кај Крањ. премиерот Заев одржа заедничка средба со првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, словенечкиот премиер Јанез Јанша и бугарскиот претседател Румен Радев.
При тоа, Заев упати порака дека „народите на Западен Балкан очекуваат декларациите на ЕУ да се преточат во дела и ако ЕУ не дејствува, разочарувањата кај народите од регионот ќе бидат непоправливи и на огромна штета на големата европска идеја за заедништво и соработка“.
Ново на Сител
-
Американските сили објавија видео од Б-2А авионите пред нападот врз Иран
-
Да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток со влошена безбедносна состојба, апелираат од МНР
-
Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача премиерот Мицкоски
-
Иран ќе продолжи со одмаздата како одговор на американските напади, вели висок ирански функционер
-
Мицкоски: Ќе се бориме да донесеме правда и да го урнеме системот на „бандитизам“ создаден од политички и бизнис структури
-
Бела куќа: Администрацијата на Трамп очекуваше иранска одмазда
-
Цените на нафтата паднаа за 5 отсто по нападот на Иран врз американската воена база
-
ИДФ го заврши својот досега најобемен бран напади врз Техеран