Бизнис
16. January 2016 - 16:36

2.6 милиони евра за иновативни проекти

Иновациите се важни за секоја економија која сака да оди напред. И годинава претприемничкиот дух кај фирмите ќе се поттикнува со помош од државата.

Над 2,6 милиони евра за реализација на иновативните проекти им стојат на располагање на микро, малите и средни претпријатија информираат од Фондот за иновации.

Ќе има два повика со 4 инструменти, за кои заинтересираните фирми можат да аплицираат.

Преку двата повика на Фондот лани беа поддржани вкупно 33 иновативни претпријатија, од кои најголем број беа од ИТ секторот. Беа доделени 1,4 милиони евра.

Заклучно со 2017та  преку Фондот се предвидени 10 милиони евра со кои ќе се поддржат компаниите.