Николовски: По победата на 17 октомври ќе се случат промени
За општината не градат ништо, но за себе градат многу. И ако Петре Шилегов си ја реконструира и си ја надградува семејната зграда во ек на избори, Велимир од Бутел си гради нова хациенда со базен среде избори. Значи за себе градат нелегални згради и хациенди, а за народот не градат ништо, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната средба во општина Бутел заедно со кандидатот за градоначалник Дарко Костовски.
Николоски потенцираше дека во очај на пораз Смилевски преку лажни портали потпомогнати од ДУИ се служат со одредени местенки и монтажи за кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Костовски, нагласувајќи дека за ова ќе има одговорност по победата на 17-ти октомври на кои ќе се случат промени.
За да можат тоа да го прават мора да соработуваат со мафијата и во овој момент се жртви на мафијата. Гледајќи го очајот и поразот што ќе им се случи уште во првиот круг во општина Бутел одат со монтировски, местенки и очај преку лажни портали. За жал во тоа им помагаат и одредени структури на ДУИ кои што да ги потсетам исто така се дел од мафијата и кои што заеднички ќе одговараат после 1-ти октомври, затоа што во Македонија ќе се случат промени не само на локално, туку и на централно ниво, истакна потпретседателот Николоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
