Нови пет домашни и еден странски инвеститор во зоната Ќојлија
Пет домашни и една странска компанија се новите инвеститори во општина Петровец, кои ќе градат капацитети во индустриската зона Ржаничино.
Парцелите на последното јавно наддавање на Општината Петровец ги купија Фалкон логистик-шпедиција, Иринг, се занимава со инженеринг, Про дизајн која се занимава со трговија на мебел и опрема за домаќинство, ММ интернешенел, винарска визба, Сезал која се занимава со производство на лифтови и грчката фирма Фарма ген, која се занимава со трговија на фармацевтски производеи.
- Продажбата на овие градежни парцели претставува влез на уште шест нови инвеститори во Општина Петровец, а реализацијата на овие инвестиции ќе значи можност за уште 200 нови вработувања, со што ќе се намали невработеноста во Општината, наведуваат од Општина Петровец.
Додаваат дека до сега во Општина Петровец имаат влезено 127 инвеститори од кои 7 странски од Италија, Албанија, Турција, Словенија, Австрија, Бугарија и Грција.
Во моментот во Општина Петровец се во фаза на изградба на 20 индустриски капацитети, а во оваа 2016 година ќе започнат со изградба на уште 30 објекти.
Општината, како што истакнуваат, од овие причини и поради големиот интерес на домашните и странски инвеститори заедно со Владата на РМ е во постапка на проширување на индустриската зона Ќојлија за уште 33 хектари, нови градежни површини.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје