Loading Video...
Ракомет
30. September 2021 - 10:56

Вардарци порачуваат - Иако сме лидери во група, ќе одиме чекор по чекор понатаму

Со победата над Алборг втора во Лигата на шампионите, македонскиот ракометен првак Вардар го презеде првото место во А групата, со бод повеќе од синоќешниот противник и германски Кил кој е трет.
 
Вардарци славеа со 30-28 во дербито од група А, меч во кој голманот Борко Ристовски со 16 успешни интервенции беше еден од најзаслужните за оваа победа на црвено-црните. 
 
„Сите сме тука да му помогнемен а Вардар. Кога говорам за мечот, доста тежок натпревар. Можеби од трибини не изгледаше така, ама Алборг е технички и тактички подготвена екипа. Кога се ќе се собере и одземе, ова е еден убав почеток на една сезона. Не чекаат уште натпревари, така што мислам дека не треба да се залетуваме и да одиме чекор по чекор понатаму“, изјави Ристовски по мечот.
 
И тренерот Веселин Вујовиќ не го криеше задоволството од постигнатото, напоменувајќи дека сепак ќе мора да се оди чекор по чекор. 
 
„Најважно е дека победивме, задоволен сум, сречен сум. Како што рече Борко, одиме чекор по чекор.  Ние веќе сега имаме 5 бодови, од 3 натпревари, тоа го немаат многу клубови во Европа“, истакна Вујовиќ
 
Следен предизвик за ракометарите на Вардар во Лигата на шампионите ќе биде францускиот тим Монпелје кој ќе гостува во Скопје на 13 октомври.