Иницијативен комитет го предложи Румен Радев за независен кандидат за претседател на Бугарија
Во Националната палата на културата во Софија се оддржа основачко собрание на кое иницијативен комитет ги предложи Румен Радев и Илијана Јотова за независни кандидати за претседател и потпретседател на Бугарија.
Меѓу присутните беше познатата актерка Цветана Манева, генерал Михо Михов, поранешен шеф на воздухопловните сили, кој беше амбасадор на Бугарија во Северна Македонија, одбојкарот Владимир Николов, уметникот Греди Аса, познатиот филмски режисер Стефан Командарев, уметникот Иван Токаџиев….
Како што јави дописникот на МИА од Софија, поранешниот амбасадор на Бугарија во Скопје Михов, изјави дека неговите симпатии за Радев се разбирливи, дека тој е колега со Радев, бидејќи заедно, летајќи, надминувале ризични ситуации.
-Се вклучив во иницијативата затоа што во последниве години, гледајќи ја политиката во Бугарија и конкретно претседателската двојка, тие го заработија моето одобрување. И мислам дека како граѓанин, како личност која се грижи за тоа што се случува во Бугарија, моја должност е да ја изразам својата поддршка за светлиот пример што го добиваме во средината што не опкружува, рече одбојкарот Владимир Николов.
„На човечки план, јас чисто гледам дека ова е човек кој цврсто оди по земјата, а инаку лета во мислите“, рече Греди Аса.
Меѓу присутните во салата беа Филип Станев и пратеникот Станислав Балабанов од „Има таков народ“, и поранешниот министер за надворешни работи на БСП, Кристијан Вигенин и заменик-претседателот на БСП, Ирена Анастасова, како и високи претставници Јана Балникова и Деница Симеонова од новата коалиција „Промената продолжува“, создадена од двајцата поранешни привремени министри Кирил Петков и Асен Василев.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата