Хан: Добив уверување од ДИК и ОБСЕ дека списокот може да се прочисти
Еврокомесарот Јоханес Хан е уверен дека може да се одржат избори на 24 април, доколку сите партии останат посветени на исполнувањето на договорот од Пржино од јуни-јули.
Хан е убеден дека може да се одржат фер и демократски избори на 24 април. Тој истакна дека лично од Претседателот на ДИК добил уверување дека може да се прочисти избирачкиот список до 24 парил и дека тоа нема да биде пречка за одржувањето на изборите
Вакво уверување тој истакна по излегувањето од долгочасовните преговори во Пржино, кои лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги напушти, неприфаќајќи избори на 24 април.
Комесарот Хан рече дека Македонија се наоѓа во многу деликатна состојба и жали што сите партии не постигнале договор за избори на 24 април. Тој смета дека сè уште има можност да се договорат сите спорни прашања и најави дека медијаторот Питер Ванхауте ќе остане во земјава и ќе разговара со партиите.
–Вечерва тројца од четворицата лидери беа сложни за датумот и гарантираа исполнување на обврските. Постои демократска определба за одржување на избори бидејќи има посветена влада и силна опозиција. Европската унија силно ќе ги надгледува изборите преку свои претставници и од европски институции. Досега се е хипотетички дали ќе се исполни договореното, изјави Хан.
Премиерот Груевски изјави дека Хан ги информирал дека ДИК, ОБСЕ и ОДИХР го известиле дека нема пречки за избори на 24-ти април
-Комесарот Хан јасно ни кажа дека претседателот на ДИК го известил дека не постојат никакви пречки за одржување на изборите на 24-ти април 2016. Претседателот на ДИК го известил комесарот Хан. Исто така, комесарот Хан не’ информираше дека ОБСЕ го известиле дека не постојат пречки за одржување на изборите на 24-ти април. Покрај тоа, комесарот Хан ни Кажа дека и ОДИХР исто така го информирале дека нема пречки и дека има време се’ да се подготви за изборите да се одржат на 24-ти април. Само еден човек се обидува да ја продолжи кризата во Република Македонија и да ја продлабочи, затоа што со неговото однесување, не само што не може да се реши, туку може да се продлабочи кризата, рече Груевски.
Ново на Сител
-

Белата куќа демантира дека постои меморандум за разбирање со Иран за завршување на војната
-

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација
-

Времето утре нестабилно со пороен дожд
-

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада
-

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа
-

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
