Заев под притисок на меѓународниот фактор панично ја напушти средбата
Преговорите во резиденцијата на ЕУ завршија неуспешно доцна вечерва, откако лидерот на СДСМ Зоран Заев под притисок на меѓународниот фактор панично ја напушти средбата која траеше повеќе од осум часа.
Противењето на опозициската СДСМ ги одведе во ќорсокак последните преговори кои требаше да го одржат во живот договорот од Пржино, односно да се одржат избори на 24 април годинава.
-Преговорите пропаднаа. Ако изборите се одржат на 24 април, СДСМ нема да учествува Ние ќе продолжиме да се бориме за демократијата во Македонија, изјави панично Заев и си замина.
Курир веќе објави дека ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА се за избори на договорениот датум и трите партии предложиле уште многу предлози кои треба да обезбедат дополнителна сигурност во изборите, но Заев се плаши од народот и бега од изборно соочување.
Заев отишол дотаму што почнал да поставува и нови услови само за да ги избегне изборите. Лидерот на СДСМ измислувал и тотално нелогични изговори зошто не би можеле да се одржат избори. На тоа присутните почнале да му се смеат и да се шегуваат, а странците остро коментирале, свесни дека лидерот на СДСМ е нестабилна личност.
ВМРО-ДПМНЕ како партија ги исполни во целост своите обврски од договорот во Пржино. СДСМ доби двајца министри со ресор и три дополнителни заменици-министри, се одбра Специјален јавен обвинител со целосни услови за работа, беше одбран составот на ДИК каде опозицијата има доминација, секретар и претседател од своите редови. Изборниот законик е променет согласно барањата на опозицијата….
-Изборите треба да се закажат за 24-ти април. Сега е време да се исполни оваа обврска. За жал, неодамнешните изјави од страна на СДСМ фрлаат сенка врз овој дел од договорот. Ова е јасна замка за да се држи нашата земја во заложништво, да се држи во криза, конфликтност и да се оспори правото на народот да ги одбира луѓето кои мисли дека треба да ја предводат државата. Јас сум против ова кочење и против ваквото држење на државата во заложништво, рече вчера премиерот.
Во оваа насока на исполнување на сите обврски од договорот, Груевски утрово го достави своето времено повлекување до претседателот на Собранието на Република Македонија, а за технички премиер кој ќе ги организира изборите беше предложен Емил Димитриев.
Ново на Сител
-

РКЕ: Нови цени на горивата од полноќ, бензините поскапува за три, дизелот за шест денари
-

Димитриеска-Кочоска: Владата донесе одлука за намалување на акцизата на горивата
-

Милановиќ со критики за францускиот протокол: Вучиќ не требаше да биде сместен пред Пленковиќ на воената парада во Париз
-

Две лица загинаа и повеќе од 80 се повредени за време на прославите на светската титула на Шпанија
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани осум пожари на отворено, еден сè уште активен
-

Трамп сака САД наскоро пак да бидат домаќини на СП во фудбал
-

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, активно се следи состојбата на терен
-

Бернам: На Велика Британија и треба нов политички и економски модел
