Кошарка
16. January 2016 - 8:11

НБА лига: Победи за Оклахома Сити и Кливленд

Екипите на Оклахома Сити и Кливленд остварија важни победи за задржување на своите позиции во пласманот во конференциите.

Кај Оклахома Сити Расел Вестбрук го запиша својот 23.ти „трипл дабл“: 12 поена, 11 скокови и 10 асистенции, додека во триумфот на Кливленд најдобри беа Кајри Ирвинг со 23 поени и Леброн Џејмс со 19.
 
Резултати на ноќеска одиграните дуели: 
Индијана - Вашингтон 104:118,
Оклахома Сити - Минесота 113:93,
Бостон - Феникс 117:103, 
Бруклин - Портланд 104:116,
Чикаго - Далас 77:83, 
Њу Орлеанс - Шарлот 107:109, 
Милвоки - Атланта 108:101,
Денвер - Мајами 95:98 и 
Хјустон - Кливленд 77:91.