Детали: Пожарот во возот Скопје- Кочани бил предизвикан од искра при кочењето, во него...

Во движење се запалила локомотиавта на патничкиот воз Скопје - Кочани во близина на фабриката за месна индустрија МИК Свети Николе. Во возот имало околу 50 патници, од кои поголемиот број студенти од Штип и Кочани.
Нема повредени патници, а полицијата врши увид на местото каде што е опожарена локомотивата на патничкиот воз, кој се движел по пругата кон Штип.
Пожарникарот Марјан Серафимов од Светниколската противпожарна единица вели дека повикот за пожарот го добиле околу 18 часот, а поради непристапниот терен пожарникарите морале околу 300 метри на рака да ги носат противпожарните апарати, а пет црева за дотур на вода биле донесени од кругот на фабриката МИК Свети Николе.
Според првичните информации, пожарот бил предизвикан од искра при кочењето, при што била зафатена цистерната полна со нафта.

- Локомотивата гореше и ние моравме да се качиме на неа и да ја изгаснеме. Пет пожарникари бевме на терен, за среќа нема повредени, изјави Серафимов.
Патниците навреме се евакуирале од возот.Ванчо Кировски родител на студент од Кочани вели дека патниците имале среќа поради присебноста на машиновозачот, кој навреме ги информирал да излезат од вагонот.
Ново на Сител
-

Групна тепачка на млади девојки на подрачјето на Карпош, употребени и тврди предмети
-

65-годишен маж пронајден починат во лифт во објект на Бит Пазар
-

Кривична за лице од скопско, неовластено влегувал во воени објекти и правел скици од истите
-

На различни локации во Скопје уапсени 7 дилери на дрога, меѓу нив 18-годишна девојка
-

Николоски: За 40 отсто е зголемена изградбата на автопатите
-

Кумановец со мопед возел во спротивна насока - уапсени 10 возачи за безобѕирно управување возило
-

Од вторник облачно со врнежи од дожд
-

Јавниот автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред
