Проштална средба на Џафери со шпанскиот амбасадор Сера
Претседателот на Собранието на Република Севера Македонија, Талат Џафери, денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во земјава, Емилио Лоренцо Сера.
Џафери, како што соопшти собраниската прес-служба, изразил благодарност за досегашниот ангажман на почитуваниот амбасадор, воедно посакувајќи му успех на личен и професионален план во неговите идни институционални должности.
-Тој ги поздрави континуираните и пријателски билатерални односи и соработка меѓу двете земји, кои за жал, заради пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19 не ја задржаа предвидената динамика. Џафери нагласи дека во иднина, од аспект на парламентарните односи, очекува поблиска соработка со шпанскиот парламент, а се разбира и соработка во сите други области од взаемен интерес за двете земји, се вели во соопштението.
Амбасадорот Сера, исто така, потврдил дека пандемијата имала влијание врз интензитетот на меѓусебната билатерална комуникација.
-Во продолжение, тој изрази благодарност за поддршката што Република Македонија и ја дава на Владата на Кралството Шпанија во контекст на зачувувањето на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет, преку почитување на Уставот и законите, како темелни принципи на правната држава. Амбасадорот Сера ја поздрави функционалноста на Собранието и застапеноста на различните политички партии кои, иако имаат различни гледишта по одредени прашања, сепак се конструктивни во своето делување, се наведува во соопштението од собраниската прес-служба.
Тој ја повторил поддршката на Кралството Шпанија за процесот на интеграција на Република Македонија во Европската унија.
Ново на Сител
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања