ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче и Заев поважни се грчките плажи од животот на 14-те изгорени во Тетово
И во криминалот и во одморот се заедно, Венко Филипче и семејството Заеви, Зоран и Вице.
Видовме од фотографиите по социјалните медиуми дека за Филипче и Заев поважни се грчките плажи од животот на 14-те изгорени во Тетово.
Но, затоа десеттина дена по случајот во Тетово каде изгоре модуларната болница ниту има детали за починати, ниту нивен идентитет.
Нема ниту одговори на клучни прашања за тоа како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин, дали министерството за здравство побарало од изведувачот минимум стандарди за градба на модуларните бараки, зошто немало противпожарни апарати, зошто немало доволно медицински персонал, дали основното јавно обвинителство ја слушна изјавата на премиерот кој призна дека е длабоко инволвиран во истрагата која мора да биде непристрасна и објективна?
Како тргнала работата според одредени сознанија се чини дека фиктивната оставка на Филипче ќе биде најмал проблем.
Зошто? Затоа што многу елементи укажуваат дека доколку се води независна истрага, тогаш таа ќе заврши директно кај Филипче и Заев по што треба да следува и кривична одговорност.
Бидејќи поминаа десеттина дена од случајот, а нема никакви детали повторно го прашуваме Филипче, дали е точно дека на состанокот на кој се дискутирало за модуларните болници, бил предупреден од стручно лице, дека ПУР панелите не смеат да бидат вградени во модуларните болници?
Дали Филипче и покрај тоа што бил предупреден свесно тргнал по брзи пари?
Она што е јасно е дека истрагата мора да се ослободи од било какви влијанија и Заев и Филипче мора да ги напуштат функциите.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде идентична со полициските радари
-

Нови зборови за новото време: Мисија на „Зборци“ | Виктор Бучковски | Sitel Podcast 132
-

Магла на планинските премини Стража, Плетвар и Крушево, сообраќајот се одвива по влажни коловози
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
