ВМРО-ДПМНЕ: Зградата дивоградба на Шилегов ќе биде урната веднаш по смена на власта
Зградата дивоградба на Шилегов ќе биде урната веднаш по смена на власта, општеството треба да се исчисти од криминалци.
Институциите со денови молчат за луксузната дивоградба на Петре Шилегов.
Да беше дивоградба на обичен граѓанин досега ќе беше срушена, но кога станува збор за функционер на СДСМ инспекторите никаде ги нема.
Институциите се неми пред криминалот на градоначалникот во заминување Петре Шилегов.
Дваесетина дена јавно се посочува дека Петре Шилегов менува документи во Катастар во неработен ден во сабота.
ВМРО-ДПМНЕ посочува со денови дека Петре Шилегов пријавил имот изградена луксузна вила од 300м² со 4 пати помала вредност. Дваесетина дена секој ден јавно се посочува дека Петре Шилегов има коли од 130.000 евра, кои што не се пријавени во анкетниот лист.
Освен што институциите молчат, дури и Петре Шилегов се крие од камери и бега од одговори.
Јавното обвинителството мора да почне да работи по допрен глас. А, молчењето на институциите единствено значи соучество и злоупотреба.
Петре Шилегов е веќе завршена приказна. Шилегов не смее да избега од одговори и одговорност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје