Почина Миња Субота
Познатиот композитор, пејач, ТВ-водител и забавувач Милан – „Миња“ Субота почина на 83-годишна возраст, објави денеска Српската радио-телевизија.
Роден е во Сараево на 8 ноември 1938 година. Основното училиште, гимназија и високото образование (Електротехнички фкултет) ги завршил во Белград. Како композитор, Миња потпиша бројни хитови на популарна поп-музика и шансони, а како пејач сними повеќе плочи во поранешна Југославија и поранешниот СССР.
Неговите композиции се изведувани и наградувани на многу фестивали, како што се Белградска пролет, Мелодија на Јадранот, Загрепскиот фестивал на поп-музика и други. Како телевизиски автор, има удел во многу серии што останаа запаметени, како што е „Од глава до петици“.
Тој е автор и водител и на емисијата „Мјузик слајд“, која се емитуваше 18 години и уриваше рекорди во однос на гледаноста на телевизијата.
Миња шест години беше и уредник и водител на Фестивалот за детски песни во Белград, со што поттикна основање и на други детски фестивали во поранешна Југославија.
Ново на Сител
-

На 96 години Ворен Бафет донираше 5,5 милијарди долари – планира да подари 99% од своето богатство, проценето на 156 милијарди
-

Скандал во Турција: Приведена Ферхунде од „Кога лисјата паѓаат“ во истрага за проституција и наркотици
-

ЈО: Кривична пријава против татко и две ќерки за тешка телесна повреда на жена од Дрење
-

Австрија ги зајакнува мерките за заштита од дронови
-

Украдени личните податоци на над еден милион Белгијци
-

Мицкоски: Македонија испорачува реформи, очекувам во Брисел да потврдат дека земјите од Западен Балкан припаѓаат во ЕУ
-

МВР: 373 прекршоци кај возачите при акциска сообраќајна контрола, откриен и возач без дозвола
-

Ужас во Струмица: 21-годишник силувал 12-годишно девојче
