Бизнис
15. September 2021 - 21:17

Брашното, лебот и маслото за јадење ќе поскапуваат

Храната и натаму ќе поскапува. Први на удар ќе бидат маслото за јадење, кондиторските производи, лебот. Сите производни трошоци растат. Само цената на струјата што ја плаќаат индустриските капацитети за една година е зголемена за 100%. Цените на транспортот заради пандемијата растат уште повеќе. Цената на пченицата која ќе влијае на крајната цена на брашното и лебот за една година е зголемена за 20%. Кај суровината за маслото, сончогледот зголемувањето е уште поголемо.

Премиерот Битиќи во Тема на денот на Сител вели дека пандемијата се одрази на животниот стандард на граѓаните. Но мерките кои ги презеде Владата во послендите години влијаеа ударот да не биде толку силен што според него се глчеда и од односнот на минималната плата и потрошувачката кошничка.

И НБРМ евидентира раст на цените над очекувањата, а тој тренд се очекува да продолжи зарди неизвесноста на странските пазари.