Фон дер Лајен во Македонија на 28 септември

Од дипломатските служби во Брисел за МИА потврдија дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе ја посети и Македонија до крајот на овој месец, јави дописничката на МИА од Брисел.
Според првичните информации што ги доби МИА, претседателката ќе ја посети Македонија на 28 септември, на ист ден со Албанија, на 29-ти таа ќе отпатува за Косово и Црна Гора, а посетата ќе ја заокружи на 30-ти со Србија и Босна и Херцеговина
Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска од Стразбур најави дека до крајот на овој месец ќе го посети Западниот Балкан со цел да донесе силна порака на поддршка за приклучување на регионот кон Европската Унија.
За МИА од Европската комисија потврдија дека претседателката ќе ги посети сите шест земји од регионот вклучително и Македонија.
Како што објаснуваат изворите на МИА, во Брисел посетата сѐ уште се подготвува и нема детали за програмата за сега.
Претседателката оваа посета ја организира една недела пред Самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи на почетокот на октомври во Брдо, Словенија и чија цел е да се потврди поддршката на ЕУ за регионот како што тоа беше случај со самитот во Софија, а потоа и во Загреб, под бугарско, односно хрватско претседателство.
– Овој самит ќе биде важна прилика не само да се потврди европската перспектива за Западен Балкан и нивната натамошна интеграција, туку и да се даде дополнителен поттик за имплементацијата на Економскиот и инвестициски план, кој е срцето на нашиот ангажман со регионот, изјавија за МИА од Европската комисија.
Ново на Сител
-

ДЗС: Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа на Дојранското Езеро | ФОТО
-

Почина американскиот сенатор Линдзи Греам
-

Во координирана акција на ЦУК и МВР, кај Матка успешно пронајден изгубен романски државјанин
-

Успешна акција за извлекување на тројца планинари од планината Бистрица
-

Деветнаесетти Петровденски планинарски марш
-

Британската полиција приведе маж осомничен за убиството на Видикомб
-

Повторно се разгорува конфликтот на Блиски Исток
-

СП 2026: Норвешка поведе, Белингам донесе победа за Англија
