Уапсен 80-годишник од Тетово кај кој е пронајден хероин и муниција
Хероин и муниција биле најдени кај 80-годишно лице во Тетово при претрес на неговиот дом, информираат од тетовската полиција. Претресот бил спроведен со судска наредба.
-Вчера околу 12 часот и 30 минути, на улица „Борис Кидрич“ во Тетово лишен од слобода е С.Б.(80) од Тетово. При негов преглед пронајден му е хероин, а нешто подоцна при претрес на семејниот дом, пронајдени му се вкупно 197 куршуми со различен калибар. За поголемиот број од куршумите тој не поседувал дозвола. По целосно документирање на случајот на С.Б., кој е задржан во Полициската станица Тетово, ќе му биде изготвен поднесок за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстаници и прекурсори“ согласно член 215 од Кривичниот законик и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, казниво по член 396 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово
Со соодветен поднесок денеска С.Б. ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.
Ново на Сител
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
-

Рубио: САД очекуваат воената операција во Иран да заврши за неколку недели
-

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, приведен осомничениот за стореното кривично дело
-

Burnout - Тивко Согорување | Розалија Секулоска | Sitel Podcast
-

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки
-

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ
-

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе градови во ОАЕ
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари
