Македонија
8. September 2021 - 16:44

Штипјани горди на своите сограѓани, првиот претседател Глигоров и премиерот Кљусев

Штип, роден град на повеќе од 50_тина македонски истакнати дејци, револуционери, учители, лекари, политичари. Имињата на двајца од нив ќе останат трајно вткаени во поновата македонска историја. Едниот родум од маалото “Стар конак”, каде некогаш се распостилал античкиот Астибо, вториот од маалото на височинката од левата страна на реката Отиња. И двајцата ќе го понесат приматот прв претседател, првиот, на независна и суверена Република Македонија, а вториот на македонската Влада. Киро Глигоров и Никола Кљусев пред точно 3 децении ги поставија темелите на македонската државност.

-Несомнена е улогата на овие наши штипјани, кои ја имаа клучната улога во независноста на Македонија, со тоаш што Киро Глигоров спречи крвопролевање и евентуална агресија на ЈНА. Кљусев какопремиер беше протор на економските реформи и прв ги обелодени македонските пари- изјави Зоран Костовски, директор на библиотеката  „Гоце Делчев“ Штип.

Мултимедијалниот центар во Штип го носи името Киро Глигоров, а во него е сместена и спомен собата во која се изложени предмети и фотографии од неговата богата политичка кариера.

-Во неформален разговор со поранешниот градоначалник Бочварски, а сегашен министер за транспорт и врски, имаше иницијатива од негова страна да биде одбележано и името на Кљусев и да му се даде значење, преку изградба на споменик или некоја институција да го носи неговото име- додаде Костовски.

Нивното вечно почивалиште е во алеата на великаните во Бутел, но споменот за овие две личности ќе остане уште долго да живее помеѓу жителите на градот под Исарот.