Заев: Никој нема да биде оставен без учебници
Будно ги следиме работите и секогаш сме подготвени за сите деца во четврто одделение, каде почнува дигитализацијата на наставата, да бидат обезбедени со електронски и печатени учебници. Никој нема да биде оставен без учебници, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Премиерот на прес-конференцијата во Општина Сарај, во одговор на новинарско прашање околу образовниот процес посочи дека голем дел од децата се обезбедени со смарт таблети, и со се што им е потребно, но испрати пораката дека ќе го следат целиот процес, и онаму каде што нема доволно, Владата ќе интервенира и ќе изнајде начин децата да се чувствуваат рамноправно.
-Дефинитивно јас можам да потврдам дека онлајн наставата навистина дава можност да децата видат, се запознаат со материјата, визуелно да го осознаваат, на пример ако учат за врвот на некоја планина, ќе можат преку интернет да видат како изгледа таа, и дополнително да се информираат, додаде Заев.
Како што напомена премиерот, по сите анализи на квалитетот на образование е констатирано дека малку од знаењето останува кај децата, а целта е децата да излегуваат како генерација со многу посеопфатно и посуштинско знаење.
Ново на Сител
-
11 наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација
-
Нетанјаху го поздрави Трамп за „храбрите напади“ врз иранските нуклеарни постројки
-
Две лица во Куманово го нападнале таксистот кој ги превезувал и не му платиле
-
Арагчи утре во Москва ќе се сретне со Путин
-
Три лица се претставувале како полициски служеници, па едниот од нив физички нападнал возач
-
Штипјанец под присила подигал брзи кредити, го продал својот мобилен телефон и крадел пари од својот татко
-
Министерството за здравство обезбеди 300 паркинг места во Лимак за вработените во Клинички
-
Македонската амбасада во Израел: Евакуација преку воздушен пат засега е невозможна