Во пожарите изгореле и бандерите, жителите на Дренак по пожарите се уште без струја

Жителите на село Дренак, општина Старо Нагоричане се жалат дека по пожарите кои го зафатија селото, минатиот месец сè уште се без електрична енергија. Проблемот, според нив настанал веднаш по избувнување на пожарот и биле зафатени повеќе бандери. Тие се обиделе проблемот да го решат преку општината од која побарале поддршка за надминување на состојбата која во последниве денови, според нив станува неиздржлива. Пред дваесетина дена бандерите биле донесени во близина на селото, а месното население ги распоредило столбовите.
– Пред повеќе од две недели се јавив во ЕВН ми рекоа дека бандерите ќе бидат поставени до четврток, минатата недела и дека ќе биде приклучена електричната енергија. Последниве осум дена нема никаква екипа од ЕВН. Веќе станува неиздржливо, жителите имаат добиток не можат да ги вршат секојдневните активности и засега функционираат со агрегати и со поддршка на семејствата однадвор кои им носат храна и други потреби, а за да ги добијат намирниците одат во соседната општина Ранковце, изјави Горан Мишевски, сопственик на викендичка во село Дренак.
Населението вели дека стои на располагање во секој момент да им помогне на екипите на ЕВН за да се надмине овој проблем. Од ЕВН информираат дека пожарите кои зафатија голем дел од државата предизвикаа сериозни последици и во мрежата на ЕВН Македонија.
– Екипите на електродистрибуција во целиот овој период беа активни на терен 24/7, со цел брза интервенција и санација на мрежата. Во селото Дренак исто така се извршени санации и замена на столбови и поголемиот дел од жителите имаат нормално и стабилно снабдување со електрична енергија. Преостанува за скоро време да се приклучат последните две-три броила, бидејќи треба да се заменат уште пет оштетени столбови. Теренот е непристапен, а поради тоа столбовите се влечат рачно од страна на екипите. Имаме одлична соработка и со населението кое сè уште ни излегува во пресрет за проблемите на терен, велат од ЕВН.
Ново на Сител
-

Велешанец се степал со 79-годишен дедо во угостителски објект во скопски Карпош
-

Скопјанка пријавена за закани кон поранешната шефица, оштетила врата од фирма и истурила запалива течност
-

Истите двајца за пет дена три пати нападнале малолетници во Штип, еден од нападите го снимале со телефон
-

Потрошувачката кошница над 58.000 денари, синдикатите против скратување на празниците
-

Утре дожд и силен ветер, нови врнежи се најавуваат и за викендот
-

18-годишниот Огнен кој пронајде и врати 4.000 евра доби плакета од градоначалникот на Делчево
-

Од четврток личната карта и возачката дозвола на мобилен
-

Бензинот поевтинува, дизелот останува ист - нови цени на горивата од полноќ
