-->
-->
Камерон: Лондон ќе им помогне на САД во уништувањето на ИД
-->

Велика Британија се обврза дека ќе соработува со САД во напорите за уништување на „Исламскиот Калифат“, што го прогласи џихадистичката група Исламска држава (ИД) на делови од териториите на Сирија и Ирак, изјави британскиот премиер Дејвид Камерон.
Во интервју за телевиизјата Ен-Би-Си, Камерон нагласи дека сака Велика Британија да стори повеќе во борбата против ИД, но дека за тоа му е потребна и поддршката од британскиот Парламент.
- Во моментов преговараме и дискутираме со опозициските партии во Велика Британија за тоа што можеме да сториме (во борбата против ИД). Меѓутоа, не треба да има никаков сомнеж во тоа дека ние се обврзавме да соработуваме со вас во уништувањето на „Калифатот“, истакна Камерон во интервјуто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
-

Уапсен 28-годишник од гостиварско, пронајдени кокаин и марихуана
-

Светски ден на менталното здравје: Барањето помош не е слабост, секој човек заслужува да биде слушнат и разбран
