КСОМ организира протестен марш во среда незадоволен од социјалниот дијалог
Конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ) ќе организира протестен марш во среда на Денот на независноста, изразувајќи на тој начин незадоволство од социјалниот дијалог во државата.
Претставници на КСОМ на денешната прес-конференција посочија дека се незадоволни затоа што одредени структури на власта ги игнорираат и не се сретнале со нив, иако им испратиле барање за средби, а со некои од нив, имале средби, но нема никаков позитивен исход.
– Жалиме што токму на Денот на независноста ќе организираме протест, но незадоволни сме од социјалниот дијалог во државата. Сакаме на овој ден да го свртиме вниманието и да кажеме дека нешто не е во ред, истакна Марјан Ристевски.
Протестот со возила ќе започне пред МРТВ во 11 часот, а ќе заврши околу 13 часот пред Владата.
Ново на Сител
-
Маж и жена од Македонија се заглавиле во заливот Филикури, ги спасиле полицајци
-
Дубровник под вода по силното невреме | ВИДЕО
-
Дошла кај него за да му раскине, а тој ја нападнал и се обидел да ја силува
-
Маж со пушка си го бранел насадот со пченка од диви свињи
-
Кумановка нападната од синот
-
Кривична пријава за девет лица затекнати во незаконска сеча на дрва
-
Невремето „Атена“ ќе ја зафати Грција – предупредување за опасни временски појави
-
ЦУК: Под контрола пожарот во Мариово, активни вкупно пет пожари