Костадинов: Како Струмичанец, знам како, победуваме силно и убедливо во прв круг!
Кандидатот за градоначалник на Струмица од редовите на СДСМ, Коста Костадинов вечера преку Фејсбук се заблагодари на поддршката од партијата и порача дека знае дека може многу да направи за неговиот роден град.
-Мои струмичани и струмичанки, благодарам за поддршката што сте ми ја давале и ми ја давате, благодарам на претседателот на СДСМ Зоран Заев и целото раководство и извршен одбор за шансата што ми ја давате, да направам нова, модерна, европска и граѓанска Струмица за сите. Ви ветувам дека оваа значајна и огромна поддршка, што значи победа убедлива во прв круг, нема да ја изневерам. Победуваме силно и убедливо!
Мотивиран токму од потенцијалите кои ги препознав за нашето Општество, можностите и иднината во регионалниот развој, како и европската филозофија за локално делување, одлучив политичката кариера да ја продолжам во рамки на Локалната самоуправа.
Со овој чекор се насочувам кон мојот роден град, градот кој го знам и за кој знам дека можам многу да направам. Токму од Струмица, на локално ниво, чекор по чекор може да се даде придонес за целокупната слика и добросостојба за нашата татковина, поаѓајќи од грижата за нашите сограѓани.
Сето ова е голема обврска и одговорност за секој човек кој се нафаќа да менаџира со луѓето и ресурсите. Свесен сум дека од мене, како потенцијален Градоначалник се очекува Градот и Општината да одат напред. Како Струмичанец, знам како, напиша Костадинов.
Ново на Сител
-

Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и натаму во убедливо водство
-

Киев со остри критики по одлуката на САД да ги ублажат санкциите за рускиот дизел
-

Прогласена „голема катастрофа“ во Панама по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени
-

На парламентарните избори во Србија ќе учествуваат 18 партии и коалиции
-

Облачно со локални врнежи од дожд
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
