Фаучи: Епидемијата би можела да биде ставена под контрола на почетокот од 2022 година

Главниот медицински советник на Белата куќа, Ентони Фаучи изјави дека Ковид-19 во САД би можел да биде ставен под контрола на почетокот од следната година.
– Ако го придобиеме огромното мнозинство од оние 80 до 90 милиони луѓе кои не се вакцинирани, кои се колебаат да се вакцинираат или немале можност, се надевам дека ќе воспоставиме контрола следната пролет, изјави Фаучи.
Еден ден откако Американската Агенција за храна и лекови ((ФДА) ги одобри вакцините на Фајзер/Бионтек, Фаучи наведе дека со тоа е создадена можност за имунизација на што поголем број луѓе.
Тој изрази надеж дека ФДА ќе одобри вакцинација и на децата против Ковид-19.
– Мислам дека постои разумна шанса вакцините на Фајзер или на Модерна да добијат одобрение од ФДА за помладите деца пред престојната сезона на празници, посочи Фаучи.
Ново на Сител
-

До крајот на неделата претпладне сончево, попладне дожд и засилен ветер
-

Шампионска титула за МЗТ Скопје Аеродром
-

Најмалку петмина повредени откако трамвај излета од шини и удри во зграда во Белград
-

Љутков од Рим: Чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј е духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото
-

Вучиќ: Моја оставка, па избори
-

Г. Климент: Наша должност и обврска е заветот на браќата Кирил и Методиј да го посведочиме и предадеме на младите поколенија
-

Трамп: Поморската блокада во Ормуска Теснина останува до потпишување договор
-

Над 900 сомнителни случаи на ебола регистрирани во ДР Конго
