Почина фудбалер од Србија - Скокнал од карпа и удрил во подводен камен во Охридското Езеро
Никола Стевановиќ Коле од селото Долна Крајница кај Лесковац, по кобниот скок од карпа, 12 дена се борел за својот живот и таа битка ја изгубил. Не се разбудил од кома. Починал во Скопје, далеку од својата куќа и семејството.

Никола бил фудбалер. Пред почетокот на сезоната се одмарал со друштвото на Охридското езеро. Во еден момент скокнал од карпа во езеро, удрил во подводен камен и го скршил вратот и шестиот рбетен пршлен. Префрлен бил во Скопје, каде бил опериран, по што паднал во кома од која не се разбудил, пишува "Југомедиа".

Зад себе ги оставил своите мајка и сестра, оние кои ги сакал најмногу на светот. За него жали целата фудбалска заедница во Јабланичкиот округ.

"Беше добар фудбалер и добар човек. Високо и силно момче. Тага, голема тага", рекол секретарот на ГФС Лесковац Милован Глушац.

Никола играл фудбал од мали нозе. Ги минал сите млади селекции на ФК Дубочица. Во главно играл како напаѓач и менувал клубови, сонувајќи дека еден ден ќе заигра за поголем клуб.
Ново на Сител
-

Мерки претпазливост за приведените за милионски проневери во ФЗОМ
-

Раст на прометот со храна и горива, пад кај непрехранбените производи во септември
-

Од утре врнежи од дожд, локално пообилни
-

Четворица загинати во падот на хеликоптерот на ЕУФОР, двајца повредени во Тузла, девет во Брчко
-

Танкер во Ормуската Теснина е погоден од чамец со експлозив
-

„112 не е број за секојдневни проблеми“ - ЦУК со апел: Не ја блокирајте линијата, нечиј живот може да зависи од повикот
-

Уапсен Романец на ГП Делчево, поседувал две тегли марихуана и ЛСД
-

Врвниот невролог од Белград проф. д-р Владимир Костиќ стана визитинг професор во Скопје - Придобивка за студентите по медицина на УКИМ
