-->
-->
Османи со честитка за националниот ден на Авганистан: Република Македонија останува ваш пријател
-->
Да се биде солидарен не значи само да се повторуваат пораките за солидарност, туку да се преземат дела кога е тоа потребно, особено кон оние на кои тоа им е најпотребно, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
– Ние сме солидарна држава и тоа сме го покажале многупати досега. Ништо поразлично не правиме ниту сега.
Донесовме одлука да подадеме рака кон оние кои во моментов тоа им е најпотребно. Тоа се луѓето од Авганистан, наши сојузници и нивните семејства. Тоа се наши пријатели, луѓе како нас, кои ги делат нашите вредности, и на кои не по нивна вина денес им е загрозен животот и нивната безбедност.
И ова не го правиме сами, туку е ова израз на нашата солидарност заедно со нашите сојузници – затоа што сме партнери и во добро и во лошо. Заедно влеговме и заедно излеговме од Авганистан – и сега заедно ќе ја преминеме и оваа криза, и овој предизвик.
Утре е националниот ден на Авганистан. Честитајќи им го овој ден на сите Авганистанци сакам да порачам – Република Македонија останува ваш пријател, стои во објавата на Османи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
-

Иран ги предупредува САД дека ќе се соочат со „нов Виетнам“ ако испратат војници
-

Инфлацијата во еврозоната се зголемува според процените
-

Пијан возач со трактор удрил во „Пасат“, па побегнал
-

Николоски: На Македонија очајно ѝ е потребна правда, Ненад Савески е професионалец, без ниту една дамка во кариерата
-

Метеор од седум тони прелета и експлодираше над САД
-

52-годишник од Охрид нападнат и ограбен, двајца приведени
