Започнува фестивалот на народна култура „Пображење“ во Вевчани

Денеска во Вевчани започнува 11-тиот по ред фестивал на народна култура „Пображење“ во организација на Културно Уметничкото Друштво „Дримкол“ и ќе трае до 19 Август. Свеченото отворање на фестивалот ќе биде утре 17.08. на големата сцена во спортското двориште каде ќе настапат домашни и странски уметници.
-Заокруживме една успешна декада постоење на овој фестивал, се радуваме што фестивалот е веќе јасно препознатлив во нашата земја и пошироко. Вевчани одсекогаш бил достоен чувар на традицијата, со векови го негува и презентира фолклорното творештво на својот народ, а токму и овој фестивал е само уште една потврда за нашиот однос кон богатото македонско културно наследство. Целта на фестивалот е да ја афирмира духовна култура и традиција на Македонија, да овозможи запознавање со културата и традицијата на други земји од светот, да ја збогати туристичката понуда во Вевчани и регионот. Во изминатите 10 години успеавме во тоа и се надеваме на уште подобри изданија во иднина - изјави, д-р Тошо Чочороски, претседател на КУД„Дримкол“.
Фестивалот започнува денес со стручна едукативна вечер на тема: „Народните ора низ призмата на етнокореолошките записи“ на која ќе говори м-р Стојанче Костов, асистент и истражувач на народни ора од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ - Скопје.
Народната култура на својата земја оваа година на сцената во Вевчани ќе ја презентираат: КУД„Дримкол“ - Вевчани, КУД„Илинден“- Струга, КУД„Соко“- Инџија, Р.Србија, КУД„Илинден“ - Демир Хисар, а преку целовечерен концерт под наслов: „Приказни од чаршијата“ ќе се претстави КУД„Илинден од Битола.
Покрај сценско уметничката презентација на орската, инструменталната и вокалната култура, во рамките на фестивалот се реализира и програмската содржина: „Народната култура во Вевчани, инспирација за ликовните уметници“, на која тема оваа година во Вевчани ќе слика академскиот сликар Јане Бакрески, ликовен уметник и доцент по визуелни уметности на универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ во Охрид.
Фестивалот завршува на празникот Преображение Христово на 19 август со етно звуците на македонскиот народен оркестар „Осоговски Извор“ - Оризари, Кочани и настап на КУД„Соко“ - Инџија,Р.Србија. Фестивалот оваа година е под покровителство на Сава пензиски фонд АД Скопје и Општина Вевчани.

Ново на Сител
-

Македонските ракометари во група со силни противници на Светското 2027
-

Вучиќ: Наскоро поднесувам оставка, размислувам за кандидатура за премиер
-

Сиљановска Давкова: Освен уставните измени, Бугарите имаат барања поврзани со работата на историската комисија
-

Трамп: Денеска повторно силно ќе го нападнеме Иран
-

Шампионот Вардар казнет парично поради пиротехника од ФФМ
-

Уапсен разбојник од битолско, влегол во туѓ дом, го нападнал сопственикот и му одзел личен предмет
-

ЈП Лајка: Токсичниот инсектицид ланате е отровот што деца го пронајдоа во близина на детско игралиште во Кисела Вода, утврди Институтот за судска медицина
-

Приведени 23 возачи за безобѕирно управување возило, 21 возеле без возачка дозвола
