Филипче: Епидемиолошката состојба од ден во ден станува се посериозна

Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук напиша дека утринава одржале состанок со Комисијата за заразни болести на кој се разгледувала епидемиолошката состојба која станува се посериозна.
„На утринскиот состанок со членовите на Комисијата за заразни болести и претседателката на Националниот комитет за имунизација проф. д-р Александра Грозданова, се разгледуваше епидемиолошката состојба која од ден во ден станува се посериозна. Менаџирањето на ситуацијата индицира сериозна потреба од одговорност од страна на граѓаните, особено од денеска кога на сила стапуваат новите мерки. Процесот на вакцинација се одвива непречено на сите пунктови низ државата и се надеваме дека овој тренд на зголемена заинтересираност и натаму ќе продолжи. Повикувам на максимално почитување на мерките, држење дистанца, редовно водење на лична хигиена и вклучување во процесот на имунизација. Вакцините штитат од тежок тек на болеста, од смртен исход и го отежнуваат неконтролираното ширење на вирусот“, напиша Филипче.
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
