Гори кај селата Раовиќ и Буковиќ, пожари со намален интензитет кај Крушје и Топлица
Во моментов има три активни пожари на територијата на државата. Пожарот кај селата Раовиќ – Буковиќ во Сарај, каде што гори неколку дена, и е префрлен и на дел од ловиштето Јасен. Со намален интензитет е пожарот кај селото Дивље во Петровец – местото Крушје, а гори и кај селото Топлица, информираше помошник раководителката на секторот за операции и координација при ЦУК, Марија Милкова.
Како што посочи Милкова на денешната прес-конференција, согласно состојбата со пожарите до 11 часот, активен е пожарот кај селата Раовиќ – Буковиќ, и таму интервенира и хеликоптер на Армијата. Пожарот се држи под контрола, да не дојде до негово поголемо проширување.
Интервенираат и 20 припадници на Армијата, ШС Јасен со тројца вработени; НП Јасен со вработени; БППЗ со тројца пожарникари со едно ПП возило.
Интензитетот на пожарот кај селата Дивље и Крушје е со намален интензитет, а од одговорниот во ШС Караџица добиено е известување дека ќе продолжат со гаснење.
Интервенираат ШС Караџица со 12 вработени; БППЗ со три пожарникари и ПП возило.
Пожарот кај селото Топлица е активен кон селото Крстец и е со слаб интензитет.
Како што истакна Милкова, до овој момент екипата се справува со гасење во нискиот дел од селото Ракле над м.в.Габо село, каде гори лисната постилка. Во високиот дел има само чадење, без пламени јазици. До овој момент немаат потреба од дополнителна помош.
Таму интервенираат ШС Црн Бор Прилеп со шест вработени.
Пожарот во атарот на село Слатина во Македонски Брод е локализиран, но има чадење во внатрешноста каде има екипа од ШС М.Брод.
Интервенираат ШС Сандански – Македонски Брод со пет вработени.
Пожарот кај село Девич е локализиран, но има екипа од ШС Македонски Брод поради контрола на теренот.
Контрола на терен има од ШС Сандански – Македонски Брод
Пожарот кој започна кај м.в.Бeјаз Тепе во општина Пехчево, а потоа се префрли кај селото Будинарци во Берово е локализиран. Наведените екипи се на терен и вршат обиколка на веќе опожарената површина.
На терен се присутни од МВР со 49 припадници; ШС Равна Река Пехчево со осум вработени и со две теренски возила со цистерни.
ШС Малешево со осум вработени со две теренски возила со цистерни; ТППЕ Берово со ПП возило и тројца пожарникари, ДЗС – Екипа за брз одговор со седум луѓе и теренско возило, како и ПП екипи од Австрија и од Бугарија.
Ново на Сител
-
Во Украина рации против шверцерите со оружје и муниција
-
Приведен крадец во Гостивар, одземеното вратено на сопственикот
-
Продолжува растот на заболени од грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Кратово
-
Снегот добредојден за земјоделството
-
Во Берово најстудено -6, на Попова Шапка најмногу снег 47 сантиметри
-
Почина академскиот сликар Коле Манев
-
Тошковски и Памер разговарале за борбата со криумчарење луѓе, илегална миграција, тероризам и сајбер криминал
-
Во Бангкок затворени приближно 200 училишта поради загадениот воздух