Груби: Ништо лошо не се случи на Северна Македонија од Охридскиот рамковен договор
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби учествуваше на Панел-дискусијата на тема „Децентрализација пред и по Охридскиот договор“, организирана од општина Кичево и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, во рамките на активностите по повод 20 годишнината од Охридскиот договор.
Првиот вицепремиер Груби пред присутните на оваа панел дискусија зборуваше за важноста на законите донесени со Охридскиот договор и предизвиците со кои се соочија во текот на овие две децении.
„Денешните карактеристики на општина Кичево најдобро ја претставуваат секоја карактеристика на Охридскиот мировен договор. Беше многу тешко да се постигне, тој помина низ конфликт со жртви, со уривањa, за да стигне до потпишување на овој договор на 13 август во градот Скопје. Законот за територијална поделба предвидуваше кон Кичево да бидат споени и некои од општините и на овој начин да се создаде многу подобра реална слика за составот на граѓаните од оваа општина и како што сите сте сведоци, Охридскиот договор имаше свои потешкотии. Ништо лошо не и се случи на Северна Македонија од Законот за употреба на албанскиот јазик. Ништо лошо не и се случи на Северна Македонија од Законот за територијална поделба, ништо лошо не и се случи на Северна Македонија од Државниот универзитет во Тетово или Универзитетот Мајка Тереза. Ништо лошо не и се случи на Северна Македонија од вработувањето на Албанците и другите во државната администрација, ништо лошо не и се случи на Северна Македонија од Охридскиот договор, напротив оваа земја доби многу“, истакна Груби.
Ново на Сител
-

Лафчиски утре на состанок на Воениот комитет на НАТО во Брисел
-

Сопственикот на Кливленд платил 20 автобуси за превоз на навивачите на седмиот натпревар против Детроит
-

Собранието ќе ја почне 102 седница, опозицијата ќе поставува пратенички прашања
-

Потпретседателот на Собранието на Црна Гора Никола Цамај во посета на македонскиот Парламент
-

Германија ќе инвестира милијарди евра во зајакнување на цивилната заштита
-

Барселона го израмни рекордот на Реал по победи на сите домашни натпревари во Ла Лига во една сезона
-

Лазаров: Успеавме да составиме тим на играчи кои се борат еден за друг
-

Кливленд ја доби мајсторката со Детроит
