Тетово: Направиле свадба иако биле заразени со коронавирус
Младоженци во Тетово направиле свадба иако на брзите Ковид тестови биле позитивни и двајцата а и нивните семејства.
Лекарот Илчо Ефкоски во Фејсбук статус пишува дека зетот и невестата дошле да примат инфузии за да се освежат пред свадбата. Од дома се напиле парацетамол и не му пријавиле на докторот дека имаат температура.
Дома направиле брзи ковид тестови, кои покажале дека сите во семејството се позитивни, ама не им поверувале на тестовите дека се точни, бидејќи самите си ги купиле во аптека.
„Не можам да верувам дека ПАЗИ ОВА - зетот и невестата дошле да примат инфузии да се освежат пред свадба, испиле парацетамол од дома непријавиле на доктор дека воопшто имаат температура, свадба цела си истерале со сите салтанати. Направиле дома брзи тестови, позитивни цела фамилија, ама не биле точни тие од аптека сами ги купиле и ниеден не проверил ПЦР. Да не биде ова доволно, братот со фамилијата дел од позитивните, после свадба веднаш заминале на одмор во хотел Албанија. Немаше ништо да дознаеме, зетот да не заврши на инфективно одделение со пневмонија. Сега се чекаат следните за хоспитализација, веќе доста се позитивни од таа свадба. Иако многу вакви поединци не се сметаат себеси за антиваксери, нивната неактивност е одлука да не се заштитат себеси или своите семејства, но и останатите во заедницата, државата, пошироко. Преку неактивност ќе дозволат пак да се исполнат болнички кревети, да дозволат да просперираат нови варијанти, како и директно да ги загрозат здравствените работници, хронично болните или имуносупресирани луѓе околу нив. Поради вашата неактивност, вработените во здравството пак да го преживуваме хоророт? Не е фер, ама ич не е фер.
Особено што вакцините се безбедни! Ова ви е гарантирано од сите! Само мал процент не смее да ги прими. И да, вакцините можеби нема да ги спасат сите луѓе на планетата од Ковид-19, но ќе спасат многу. Секако ќе намалат потреба од медицинска грижа и нега на болни лица по болниците. Можеби не се "ФФП3", но секако се "трослојна маска". И таа намалува ризик во одредени ситуации“, пишува тој.
Додава дека вакцините не се лек за пандемијата, но тие сепак се дополнителна заштитна алатка.
Ново на Сител
-
Измамена Охриѓанка за 300.000 денари - И кажал дека има пари на сметка од Биткоин
-
Тригодишно дете од Куманово се затруло од таблети
-
Аеродромот во Тирана за единаесет месеци го користеле над 100 илјади македонски државјани
-
МНР: Ќе се зголемува процентот на амбасадори од редот на професионалните дипломати, мандатот ќе биде четири години
-
Ристески: Преку 100 производи ќе се најдат во новогодишната кошничка, инспекција ќе врши мониторинг
-
Муцунски: Треба да се исцрта јасен пат за нашата евроинтеграција, покажавме посветеност, го очекуваме тоа и другата страна
-
Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Михаил Кавелашвили избран за претседател на Грузија
-
Муцунски: Фрчкоски сторил штета од шест цифри во евра, информациите се многу загрижувачки