Loading Video...
Бизнис
8. August 2021 - 21:17

Каде во светот има мерки како нашите - кои се разликите?

Над 200.000 Французи четврти викенд по ред  протестираат против новите рестриктивни мерки. Од утре во Франција стапува на сила здравстевната пропусница која ќе биде потребна за влез во ресторан, јавен превоз, театар, саем...Пропусница може да добијат вакцинираните, прележаните и лицата со негативен ПЦР.

Демонстрнтите сметаат дека со пропусниците државата сака да воведе задолжително ванцинирање, а се отвора можност и за отпуштање на работниците кои ја немаат. Во Париз тие порачаа „Макрон, не ја сакаме твојата пропусница“, “Макрон, не те сакаме“, „Не за диктатурата“. 

Протетси има и во Италија. Таму новите мерки стапија на сила шред два дена. Во затворени објкети можат да влезат само вакцинирани, прележани и лица со негативен тест. Вакцинирањето е задолжително за вработените во образование. Наставниците без пропусница ќе бидат отпуштени.

Здравстена пропусница воведоа или ќе воведат и Австрија, Грција, Португалија, Унгарија. Во Германија и Шпанија за тоа одлучува секоја покраина посебно. Во некои делови од САД исти така се бара пропусница. Швајцарија со закон наложи порпусница за влез во простор во кој има над 1000 лица, за останатите објекти оставено е на совеста на граѓаните. Едсиневно здравстениот персонал мора да е вакциниран.

Исти мерки од денеска важат и во Израел.ЗА собири на затворнео каде има повеќе од 100 луѓе се бара потврда за вакцина, прележаност или негативен тест.