Мицкоски: Пожарникарите, мештаните и доброволците се хероите кои го спасија Будинарци
Како што најавивме денеска на прес конференцијата се наоѓаме овде во Берово, во беровско Будинарци, ситуацијата како што можете да видите во моментот би рекол е привидно под контрола, иако од мештаните можевме да слушнеме дека вечерта била навистина предизвикувачка и благодарение на вон-човечките напори на пожарникарите, на мештаните, но и на помошта која што пристигна од Австрија и Словенија, пожарот бил ставен под контрола.
Од позадина се гледа дека се уште гори и она кое што можам да го заклучам, а и врз основа на тоа што го слушнав од луѓето, дека целата ситуација се менува од час во час. Ова се луѓе херои кои што навистина вложија вон-човечки напор, да би рекол, вон институционално ги стават пожарите под контрола.
Од најавата слушнавме дека на помош ќе дојдат канадери кои што ги испраќа Романија за некои половина час од овој момент. Се надеваме дека со тоа ќе биде изгаснат пожарот овде во Берово и дека на тој начин практично целата оваа ситуација ќе биде ставена под контрола.
На крај, би сакал уште еднаш да се заблагодарам и на луѓето, тука сме ние колку можеме ќе помагаме, но мора да имаме во предвид дека овие луѓе се вистинските херои кои што вложија вон човечки напорни да целата работа ја стават под контрола и да не дозволат населените места овде во Берово бидат изгорени.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, изјава на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Утре без струја дел од Аеродром и Карпош, без вода дел од општините Центар и Кисела Вода
-
Трамп се закани со дополнителни царини за Кина ако таа не ги повлече најавените возвратни мерки против САД
-
Прва психолошка помош со Васка Митова, специјалист психијатар од клиниката за психијатрија
-
Ѓорчевски: Во моментот кога го одземаа животот на Вања, го одземаа и мојот
-
Кривична за скопјанец кој го тепал својот син и сакал да го исфрли од нивниот дом
-
Две лица од кривопаланечко го убиле својот сосед, го запалиле телото и ги закопале остатоците
-
Од 3,5 на 2 години намалена казната затвор за Пајазити за прегазувањето на 22-годишната Теодора
-
Таткото на Вања: Полицајци ме правеа ретардиран, ме убедуваа се регрутирала во ИСИС заминала за Шведска