Ману Чао ќе го затвори Д Фестивал

Ману Чао, револуционерниот музичар, активист и еден од најважните гласови на светската музика ќе го затвори годинешното јубилејното петто издание на Д Фестивал.
Тој во Дојран доаѓа со својат бенд „Ла Вентура“, кој на Д Фестивал, ќе настапи во проширен состав засилен со музичари на дувачки инструменти за шестчлен состав.
Покрај најголемите химни како што се „Clandestino“, „Rainin’ In Paradize“, „Mi Vida“, „Politik Kills“ или „Mala Vida“, тој ќе изведе и необјавени песни и обработки на легенди како што е Боб Марли, најавуваат организаторите на фестивалот „Пасворд Продакшн“.
Минатата година Ману одржа низа настапи на најголемите светски фестивали како што се „Роскилде“ и „Вудсток“, годинава ги предводи најзвучните фестивали во Европа, а неодамна одржа и неколку стадионски настапи во Аргентина и Колумбија.
Ману Чао е познат по својот општествен активизам и е еден од највлијателните музичари во новата историја, подеднакво почитуван ширум планетата со концерти на пет континенти. Во биографијата на овој француски уметник и активист со шпанско потекло, се вели дека својот карактеристичен звук го градеше преку разни панк влијанија како што се „Д Клеш“, „Џем“ или Д-р Филгуд.
- Неговите песни се карактеризираат со бескомпромисни стихови, поради што е признаен како глас на слободарските генерации и свесните луѓе кои не го прифаќаат диктатот на глобалната политика и сѐ поголемото отуѓување во современиот свет. Ману, како ниеден друг музичар на светот, ги обединува панк ставот, лиричноста на шансоните, ритмиката на салсата, егалитаризмот на регето и еуфоријата на ска музиката, што на неговите песни им дава посебен шарм, близок до публиката на сите меридијани, вели критиката.
Ново на Сител
-

Десет возачи приведени во изминатото деноноќие – седум возеле без положен возачки испит, тројца со активна забрана
-

Скопјанец објавувал туѓи серии и филмови на Фејсбук, заработи кривична
-

Тетовец осомничен дека присвоил над 41 милион денари од давачки при регистрација на возила
-

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски
-

Најтопло утро во Гевгелија, најстудено на Попова Шапка
-

Макрон: Средбите со европските лидери се депресивни, ми недостига Меркел
-

На атинскиот аеродром пратка „облека“ од Тајланд криела 207 килограми марихуана вредна милион евра
-

Голема полициска акција во Куманово: Се разбива криминална група осомничена за изнуда, лихварство и перење пари
