Сакал да ограби бутик во ТЦ Мавровка, наишол на празна каса

Лицето С.Д. вчера во 15:33 часот пријавила дека во бутик во Т.Ц. „Мавровка“ од непознато лице бил извршен обид за разбојништво. Сторителот влегол во бутикот, со пиштол и се заканил да му ги даде парите, но откако видел дека во касата нема пари, излегол и побегнал во непознат правец. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Во полицијата е регистриран уште еден неуспешен грабеж на бутик. Имено скопјанката Р.С. (67) вчера во полиција пријавила дека околу 18:45 часот на бул „Крсте Мисирков“, поточно во продавница за текстил, непознато лице извршило разбојништво во обид.
Сторителот влегол во продавницата и со закана со пиштол побарал од Р.С. да му каже каде се парите. Таа излегла надвор и повикала помош, по што сторителот побегнал без да одземе ништо. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Ново на Сител
-

Ново предупредување од опасност од поплави во Непал
-

Висоцки: Во руските напади уништени се 90 проценти од логистиката на малопродажните синџири за храна во Украина
-

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела
-

Трамп му објави војна на „одвратниот монопол“ на американските преработувачи на храна
-

ЦУК: Осум активни пожари, три под контрола
-

Работник на телекомуникациска компанија паднал од бандера и починал во Елшани
-

Приведена 23-годишна жена во Македонска Каменица – ја нападнала свекрвата, па фрлила нож кон свекорот
-

Венецуелка нападната во апартман во Скопје, напаѓачот ѝ одзел два телефона
