Апостолски Лечиќ: Комплетни ќе бидеме посилни
– Селекторот на македонската машка кадетска кошаркарска репрзентација Андреј Апостолски Лечиќ ги сумираше впечатоците по двата порази во пријателскиот двомеч против Хрватска во рамки на подготовките за ФИБА „Челенџер“ купот во Скопје. На првиот од двата натпревари одиграни во Дарувар, „црвено – жолтите“ претрпеа катастрофален пораз од 47:98 во четвртокот, а вчера во неизвесен натпревар беа поразени со 85:91. -Првиот натпревар во Дарувар против хрватската репрезентација до 16 години, не беше слика на нашата репрезентација.
Најмногу тоа се должи на краткото време за одмор кое го имавме по доаѓањето во Дарувар, потоа адаптирање на условите, како и желбата да се изротираат сите играчи како би можеле подобро да селектираме за ‘челенџерот’ во Скопје, изјави Апостолски Лечиќ. – На вториот натпревар сакавме да одиме на резултат. Играчите одморија, и излегоа на терен да го победат натпреварот.
Во текот на целиот натпревар бевме подобар противник. Но со неколку судиски одлуки не успеавме да извојуваме победа на гостински терен во Хрватска. Но вториот меч е патоказ како треба да играме на наредните мечеви, оцени македонскиот селектор. Македонскиот кадетски тим ќе ги продолжи подготовкиге во Скопје, а планирано е и гостување во Ниш и пријателски натпревар против селекцијата на Србија. „По враќањето од Хрватска во Скопје, ќе бидеме, се надевам, во комплетен состав и во уште посилно темпо ќе ги продолжиме подготовките за ФИБА турнирот во Скопје“, додаде Апостолски Лечиќ.
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион