Продолжуваат консултациите за новата бугарска влада организирани од „Има таков народ“
– Партијата „Има таков народ“, откако во петокот одржа едночасовен состанок со „Демократска Бугарија“, упати покана за консултации за време на викендот до сите други парламентарни партии, освен партијата ГЕРБ на Бојко Борисов. Како што јави дописникот на МИА од Софија, средбите ќе се одржат во Националното собрание. „Има таков народ“ нема да преговараат за имиња и позиции, туку само за идеи и политики. За денеска на консултации се поканети партиите „Исправи се БГ! Доаѓаме!“ и Бугарската социјалистичка партија (БСП), а за утре испратена е покана до Движењето за права и слободи.
Како што јави дописникот на МИА, досега е јасно дека на поканата ќе одговорат БСП и „Исправи се БГ! Доаѓаме!“ Претседателот на Бугарија Румен Радев ја охрабри БСП да ја поддржи владата на „Има таков народ“. Најголемата парламентарна партија „Има таков народ“ вети дека ќе предложи влада, но предупреди дека тоа ќе се случи само доколку партиите поканети на разговорите направат компромиси и се обединат околу заедничките приоритети за Бугарија. Во спротивно, партијата што победи на изборите на 11 јули не ја исклучува можноста за нови трети парламентарни избори оваа година.
Од своја страна, претседателот Радев инсистираше овојпат да бидат исцрпени сите можности за формирање влада и рече дека нема да брза да го предаде првиот мандат за да им даде време на бугарските партии да разговараат за политиките на идната влада.
Ново на Сител
-
Утре температура до 39 степени, следните денови уште потопло
-
Се враќа оградата пред владината зграда во Скопје
-
Пожар на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци
-
Земјотрес со јачина од 3,4 степени во близина на Охрид
-
Патриоти за Европа нова група во ЕП или само ново име за десничарската Идентитет и демократија
-
Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми
-
Следува период на многу топло време, температурата до 40 степени