Македонија
21. July 2021 - 17:28

Со нова стратегија ќе се координираaт финансиските истраги и конфискација на имот

Со нова стратегија власта ќе се обиде да  ги забрза финансиските истраги и конфискацијата на имот во следните две години. Надлежните признаваат дека конфискацијата досега не е ефикасна алатка, но велат дека главен проблем е што институциите не биле координирани. Допрва ќе работат на нивно екипирање, дигитално поврзување и навремена размена на податоци.

- Финансиската истрага ќе се води паралелно со криминалистичката со што ќе се намали ризикот противправно стекнатиот имот да се прикрие или изнесе надвор од државата, рече вицепремиерот Љупчо Николовски.

Од Управата за финансиска полиција проблемот со конфискацијата го лоцираат во немањето на Закон за потекло на имот. Со сегашната регулатива не можат да докажат дека стекнатиот имот во одредени случаи е префрлен на трето лице.

Знаеме дека кај нас секогаш се пријавува само легалниот имот. Или е префрлен на нивно име само легалниот стекнат имот. Другиот никогаш не се префрлува на нивна сопственост или па на потесна фамилија, тоа е јавна тајна и јас инсистирам тоа да се смени, вели Арафат Муареми Директор на Управа за финансиска полиција.

Дали стратегијата навремено се спроведува во пракса ќе контролира Национална комисија која веќе е формирана.