Вo понеделник почнува вакцинацијата на деца и млади од 12 до 17 години, досега 1798 пријавени
Досега вкупно 1798 деца на возраст од 12 до 17 години покажале интерес за вакцинирање против Ковид-19. Вакцинирањето за нив ќе почне од понеделник и ќе биде во постојните вакцинални пунктови во градот што го навеле при пријавувањето.
Како што информираат за МИА од Министерството за здравство, најголем број пријавени деца и млади има во Скопје и тоа во поликлиниките: „Букурешт“ – 402, „Јане Сандански“ – 287, „Чаир“ – 110 и „Бит Пазар“ – 5.
Во Битола се пријавени 123 деца и млади, во Тетово -112, во Куманово – 88, во Охрид – 84, во Велес – 79, Прилеп – 67, Кавадарци – 54, Гостивар – 53, Струмица -47, Гевгелија – 46, Штип – 45, Струга – 31, Кичево -30, Неготино -20, Ресен – 19, Кочани -17, Вевчани – 13, во Берово 11.
Според бројките, во следниве градови има под 10 пријавени. Тоа се: Дебар – 9, Валандово и Свети Николе по осум пријавени, Пробиштип – 6 Делчево и Радовиш по пет пријавени, Виница и Крива Паланка по четири пријавени, Демир Хисар и Македонски Брод по двајца пријавени, Кратово и Македонска Каменица по еден пријавен.
Ново на Сител
-

РСБСП со апел: Внимателно и одговорно во сообраќајот за продолжениот празничен викенд
-

Кафе-дебата „Скопје – европски град на културата 2028: Културното наследство и современата културна динамика“
-

Најстудено изутринава на Попова Шапка и Лазарополе, најтопло во Скопје - Петровец
-

Чествување на св. Кирил во Рим, државно-црковната делегација ја предводи претседателот на Собранието, Гаши
-

Без струја дел од корисниците во Ѓорче Петров
-

Сообраќајка ноќеска на скопска обиколница, камион преминал во спротивна лента, четири лица загинаа
-

Свеченост на УКИМ за 77 години од основањето и патрониот празник- 24 мај
-

Американските конгресмени повторно предлагаат трајно воведување на летното сметање на времето
