-->
-->
Претрес во тетовско, приведен дилер на дрога
-->
Вчеравечер (14.07.2021) полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 69-годишниот Ќ.Е. од тетовско Доброште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Имено, при претрес со судска наредба, извршен од 19.00 до 21.00 часот, во домот и помошните простории на Ќ.Е. во Доброште, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, таблети екстази и дигитална вага.
Ќ.Е. е приведен и задржан во Полициската станица Тетово за документирање на случајот, по што денеска (15 јули) со соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
