Бизнис
12. July 2021 - 19:38

Состојбата во туризмот полоша од лани

Годинава за туризмот ќе биде полоша од ланската. Странски гости уште нема, а домашните кои лани ги полнеа капацитетите, годинава ја користат можноста да излезат од државава. Туристичките работници кои носат странски гости во земјава велат дека состојбата е дотолку лоша што ништо не може ни да се планира. Во зависност од состојбата на границите, се менуваат работите. Засега има најава за мал број странски гости кон крајот на август до октормври, но и тие ќе зависат од Делта сојот. 

Дополнителен проблем е намалената куповна моќ на населението. Туристите кои порано седеле по 3 дена, сега остануваат помалку. Веќе не користат пакети, туку само сместување, ова значи дека не трпи само туризмот.

Според статистика, до мај годинава бројот на странски гости е намален за 20% споредено со карантинската 2020.