Теохарис: Сликата на Грција е подобрена, но треба да се запре зголемувањето на нови случаи
Сликата на земјата е подобрена, но треба да се концентрираме на квалитетот, да ги запреме новите случаи, да ја задржиме оваа позитивна слика за да дојдат туристите, рече министерот за туризам на Грција Харис Теохарис во интервјуто за грчката телевизија „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина.
За зголемувањето на новозаразените, Теохарис истакна дека доколку е потребно, ќе бидат преземени сите неопходни мерки за да се избегне, другите земји, да воведат рестрикции и карантин по враќањето од Грција.
-Во секој случај, зголемувањето на новите случаи е процес што треба одблиску да се следи. Оваа година е динамична, на секои два дена одржуваме состаноци за да ги следиме бројките и она што се случува. Ќе ги преземеме сите мерки што се потребни, треба да го кажеме тоа, бидејќи не сакаме земјите, една по друга да нè ставаат во карантини, во портокалови, црвени категории, објасни Теохарис.
Во однос на процените за сезоната, министерот за туризам на Грција, избегна да излезе со конкретни предвидувања, но истакна дека засега, ситуацијата е добра и откри дека во првите десет дена од јули, авионскиот сообраќај на регионалните аеродроми бил 55 до 60 отсто во споредба со 2019 година, а на атинскиот достигнал до 65 проценти од оној пред две години.
Ново на Сител
-

Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, се градат и првите две фабрики
-

МВР: Шест возачи приведени поради безобѕирно управување, дел под дејство на алкохол
-

МВР: Одобрение за патување во странство за деца до 14 години ќе се издава и во сабота
-

Четири лица лишени од слобода и еден службен разговор по седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај
-

Од крајот на јуни стартува меѓуградскиот воз Прилеп-Битола, наскоро и карго сообраќајот
-

Зеленски: Русите лансираа повеќе од 2.300 дронови кон Украина
-

Трамп: Брзањето во преговорите со Иран би можело да ги поткопа шансите за постигнување поволен договор
