Македонија
8. July 2021 - 12:53

Апасиев: Законот за попис е противуставен, ниту еден попис не предвидува попишување на дијаспората

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев на денешната расправа на Уставен за иницијативната на Левица за Законот за попис рече дека е двосмислен законот за попис.

- Правната сигурност на граѓаните подразбира јас како граѓанин да не бидам бомбардиран од шизофрени норми, во смисла еден закон да ми вика, ти имаш должност да го чуваш сопственото здравје, тоа подразбира и да не примам никој дома во време на епидемија, а друг закон вика, ако не примиш дома некој во време на епидемија ќе бидеш казнет, глоба итн. Значи, во таква ситуација вие имате една апстрактна ситуација на не недвосмислени туку на двосмислени норми, изјави Апасиев.