-->
-->
Октриен љубовен спреј од кој жените "полудуваат" по мажите
-->
Делува ли како што тврдат научниците, спрејот Syntocinon секој маж ќе посака да го купи на својата партнерка. Всушност откако неговата партнерка ќе го вдиши, истиот маж и станува се попривлечен. Овој спреј содржи синтетички облик на хормонот окситоцин, за кој е познато дека се ослободува од телото ако луѓето се заљубат. Овој хормон, осто така, игра голема улога во стимулирањето на произвувањето на млеко кај мајките и заслужен е за длабоко емотивна поврзаност со бебето. Но дека жените полудуваат откако ќе го вдишат до сега не било познато.
Истражувачите од Универзитетот во Бон во Германија ангажирале 40 волонтерки на возраст од 20 години. Половина од нив вдишале Syntocinon, а половина мислеле дека го вдишале, но всушнос не им било дадено ист спреј. Потоа им покажале фотографии од мажи, вклучувајќи ги и нивните партнери. Тогаш им било дадено да го вдишат вистинскиот спреј на оние кои во првиот круг не го вдишале (иако тоа не го знаеле), а оние кои вдишале Syntocinon во првиот круг вдишале дуг спреј иако мислеле дека повторно го вдишале Syntocinon.
Во суштина, секоја девојка по инхалација на Syntocinon го проценила нејзиниот партнер 15 отсто поатрактивен. Исклучоци биле само девојките кои земаат контрацептивни таблети, ним им биле подеднакво привлечни со и без Syntocinon. Овој спреј се продава онлајн, а неговата цена е околу 1600 денари. Лекарите сепак предупредуваат дека со хормоните не треба да се игра, бидејќи може да има негативно влијание на срцето, можни се главоболки, гадење, губење на плодот, и останати здравствени проблеми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ѓорги Начевски: И јас сум критичар на странски играчи, но мора да сме реални, тие ни се неопходни
-
Уапсена раководителка во железницата на Србија во врска со несреќата на Железничката станица во Нови Сад
-
Лавров: Русија ќе ги прекине непријателствата кога ќе го добие она што го сака во преговорите
-
За една недела санкционирани 149 непрописно паркирани возила во Општина Центар
-
Викендов 718 казни за брзо возење
-
ЕУ: Меѓународната заедница треба да се фокусира на постигнување сеопфатен, праведен и траен мир во Украина
-
Ја тепал па ја силувал во автомобилот на татко му, 37 годишен скопјанец осомничен за силување
-
Макрон му честиташе на Мерц: Порешителен од кога било за заедно да правиме големи работи